Accessibility links

Breaking News

Руската влада се плаши од Алексеј Навални


Алексеј Навални
Алексеј Навални

Колку Кремљ се плаши од Алексеј Навални? Според новата пресуда и казната изречена против него – многу.

На 4-ти август, рускиот суд го осуди најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин и најистакнатиот руски борец за борба против корупцијата на дополнителни 19 години затвор под обвинение за екстремизам. Навални, кој предвиде дека ќе добие дополнителна долга и „сталинистичка“ казна за да можат властите да влеат страв кај народот, веќе отслужуваше затворска казна од повеќе од 11 години.

Сепак, Навални не се плаши. Во објавата на социјалните мрежи по објавувањето на казната, тој ги повика своите сограѓани Руси да не ја губат волјата за отпор.

САД ја осудија пресудата, судењето и дополнителната казна. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во изјава рече: „Ова е неправедно судење“.

Навални долго време беше цел на Русија под лидерството на Путин. Како што истакна портпаролот Милер, „Кремљ со години се обидуваше да го замолчи Навални и да ги спречи неговите повици за транспарентност и одговорност да стигнат до рускиот народ“.

Навални беше малтретиран од властите поради неговата антикорупциска кампања и политички активизам повеќе од една деценија. Во 2020 година, руската влада се обиде да го убие со хемискиот агенс Новичок. По закрепнувањето во Германија, Навални храбро се врати во Русија, каде што веднаш и бесрамно беше затворен поради политички мотивирани обвиненија.

Портпаролот Милер истакна дека последното судење на Навални било спроведено во тајност и дека пристапот на неговите адвокати до наводните докази бил ограничен - што уште еднаш ја илустрира неоснованоста на случајот на руските власти и недостатокот на соодветна постапка за оние кои зборуваат против режимот.

„Во меѓувреме, руските власти постојано го праќаа Навални во самица, не му дозволија пристап до бранител и му ја ускратуваа медицинската помош“, рече портпаролот Милер.

„САД силно го осудуваат продолжувањето на притворот на Навални, продемократскиот активист Владимир Кара-Мурза и на повеќе од 500 други одредени политички затвореници кои Русија ги држи. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме нивните случаи и да се залагаме за ослободување на сите неправедно приведени лица. Ние уште еднаш им се придружуваме на семејството, колегите и поддржувачите на г-дин Навални ширум светот во повикот за негово итно ослободување и крај на континуираната репресија на независните гласови во Русија“.

XS
SM
MD
LG