Accessibility links

Breaking News

Пред 75 години заврши Втората светска војна


Коментар што ги одразува американските идеали и институции

На 2 септември се одбележува официјалниот крај на Втората светска војна во Пацификот, а со тоа и крајот на глобалниот конфликт. На тој ден пред 75 години, официјалните документи за безусловно предавање на Јапонија беа потпишани од претставници на САД и Јапонија на бродот УСС Мисури, додека беше закотвен во заливот на Токио.

Со предавањето на Германија на 8 мај, Втората светска војна заврши во Европа. Но во Пацификот продолжија борбитеи војната не беше завршена додека Јапонија не го положи оружјето.

На 26 јули, десет дена откако САД успешно ја тестираа атомската бомба, сојузничките лидери ја издадоа Декларацијата од Потсдам, документ во кој се наведени условите за предавање на Јапонската империја.

Ако Јапонија ја одбиеше понудата, таа „ќе претрпеше моментално и целосно уништување“. Јапонија го одби ултиматумот.

Затоа стана неопходно да се порази Јапонија на бојното поле, што очигледно беше тешка задача.

Повеќе од три години, САД и нивните сојузници во Пацификот се судрија со Јапонија во едни од најголемите поморски битки во историјата. Жестоките битки на Пацифичките острови, кои често резултираа во масовни самоубиства на поразени јапонски војници и цивили, ја убедија командата на САД дека инвазијата на Јапонија ќе резултира со огромни загуби на човечки животи на двете страни.

Затоа беше одлучено дека војната мора да се заврши брзо и одлучно.

Откако фрлија летоци со предупредување за неизбежни воздушни напади и го повикаа цивилното население да се евакуира, САД фрлија две атомски бомби во два јапонски града, во временско растојание од три дена.

Конечно, јапонското раководство се увери дека не може да излезе како победник од војната и на 14 август јапонскиот император Хирохито објави дека Јапонија ќе се предаде.

„Денес оружјето е стивнато“, рече по церемонијата на бродот УСС Мисури генералот Даглас МекАртур, кој во име на сојузниците ја прифати капитулацијата на Јапонија.

„Големата трагедија заврши. Извојувана е голема победа. Небото веќе не сее смрт - морињата носат само трговија - човекот насекаде оди исправено на сончевата светлина. Целиот свет е тивок и во мир. Светата мисија е завршена...

„На Пацификот осамна глетка на нов еманципиран свет. Денес, слободата е во офанзива, демократијата е на поход. Денес, во Азија, како и во Европа, ослободени народите ја вкусуваат целата сладост на слободата и ослободувањето од стравот.

На 2 септември 1945 година, Втората светска војна навистина, конечно заврши и започна нова ера.

XS
SM
MD
LG