Accessibility links

Breaking News

НАСА, SpaceX, следно поглавје во американското истражување на вселената


Лансирање на ракетата Фалкон 9 на СпејсИкс
Лансирање на ракетата Фалкон 9 на СпејсИкс

Претседателот Трамп го поздрави основањето на партнерството меѓу НАСА и SpaceX. Ова лансирање значи возбудлива пресвртница за американското вселенско истражување 

Првото лансирање во орбитата на човечки екипаж во последните девет години во САД се случи на 30-ти мај, 2020. Вселенската ракета SpaceX Crew Dragon со двајца астронаути од НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли успешно се прикачи на Меѓународната вселенска станица, 19 часа по лансирањето.

Говорејќи на историското лансирање, претседателот Трамп го поздрави основањето на партнерството меѓу НАСА и SpaceX. Ова, јавно-приватно партнерство, рече тој, „ѝ дава на нацијата подарок со неспоредлива сила – вселенска ракета со најразвиена технологија, која пренесе астронаути во вселената, и чини само мал дел од трошоците за Спејс-шатал“.

Лансирање одбележа возбудлива пресвртница во американското вселенско истражување. НАСА, рече претседателот Трамп „ќе може да биде вклучена во најтешки, најхрабри, најодважни мисии на човештвото“

„Преку програмата Артемис на НАСА, САД се подготвуваат за мисија со екипаж за Марс. Капислите Орион, кои беа конструирани како дел од програмата Артемис за трансфер од Месечината до Марс, наскоро ќе ги вратат Американците во лунарната орбита за прв пат во 50 години„ рече Трамп и додаде: „До 2024-та, нашите астронаути ќе се вртат на површината на Месечината и ќе основаат постојано присуство, и локација за лансирање кон Марс“.

„Вселенското патување не е само напредок во инженерството“, потенцираше претседателот Трамп. “Исто така тоа е морален потфат, мерка за визијата на една нација, за нејзината волја, местото во светот“, рече тој.

„Истражувањето исто така е тест за нашите вредности и верба. Америка е нација дефинирана со нејзината определба за истражување – да решава мистерии, да трага во непознатото, да ги проширува границите, да постигне најполн израз на животниот потенцијал, да осигура дека Америка е нација која секогаш предводи, особено во вселената“.

„САД се впуштаат во истражување на нова, импресионирачка граница, наречена вселена, објави претседателот Трамп. „Како што храбрите американски астронаути ја затресоа Земјата и оставија огнена трага со лансирањето, ние порачуваме сите да слушнат дека уште не е видена целосната сила на американскиот карактер и оти светот не го видел целосниот сјај на американскиот дух. За нашата држава, за нашите деца и за маршот на човештвото кон ѕвездите, најдоброто допрва, доаѓа“.

XS
SM
MD
LG