Accessibility links

Breaking News

УСАИД ја унапредува демократијата и слободата


Заедница на демократиите
Заедница на демократиите

УСАИД, е посветена на поддршка на слободните општества каде и да се тие под закана, рече заменик-директорката на УСАИД, Бони Глик, во обраќање во Полска пред Заедницата на демократиите

Кампањите за ширење на штетно руско влијание се насочени кон многу држави од Источна Европа. Овие кампањи вклучуваат обиди за поттикнување на корупција, поткопување на слободните и фер избори, сузбивање на владеењето на законот, задушување на независните медиуми и манипулирање со пазарите на енергија.

Американската агенција за меѓународен развој, или УСАИД, е посветена на поддршка на слободните општества каде и да се тие под закана, рече заменик-директорката на УСАИД, Бони Глик, во обраќање во Полска пред Заедницата на демократиите. Рамката на УСАИД за борба против штетното влијание на Кремљ ги идентификува областите каде САД можат најдобро да ги поддржат партнерските држави.

Примарна цел е зајакнување на владеењето на правото и демократските институции преку градење на независно граѓанско општество и промовирање на транспарентност и јавна одговорност.

Кремљ честопати се обидува да поттикне поделби и да предизвика неизвесност и нестабилност низ источна Европа. „Наместо да ги остави [овие држави] да си ги решаваат своите работи, Кремљ уфрла пропаганда во нивниот политички дискурс“, рече Глик.

„Илјадници тимови платени од Кремљ, познати како тролови, ги преплавуваат платформите на социјалните мрежи со содржини дизајнирани да предизвикаат конфузија, недоверба и цинизам за демократските и западните институции“.

Програмите на УСАИД, рече Глик, настојуваат да градат ставови, институции и практики кои создаваат силни темели за демократија. Ова вклучува и поттикнување на развојот на политичките партии преку учество на жените и младите во политичкиот процес.

Во однос на независните медиуми, програмите на УСАИД им помагаат на државите да ѝ се спротивстават на Русија да манипулира со нивните извори на информации, помагајќи им на медиумите да обезбедат непристрасно покривање.

На енергетскиот фронт, УСАИД им помага на своите европски партнери да ги диверзифицираат изворите на нивната електрична енергија, да ги подобрат мрежите за пренос на енергија и да развиваат пазари на енергија што се интегрирани со соседните држави.

Во исто време, УСАИД ги поддржува демократските стремежи на рускиот народ. УСАИД верува дека силните демократии и просперитетните економии во Европа и Евроазија можат да им го осветлат патот. Овие нации можат да покажат дека демократијата функционира. Тие можат да бидат пример дека демократијата е одговорот на руските растечки социо-економски предизвици.

Во минатото, американската помош за државите како Полска и балтичките републики им помогна да тргнат по демократскиот пат. Тие сега ги жнеат придобивките од економскиот раст и членството во НАТО и ЕУ.

Како што поранешниот претседател Роналд Реган има речено, иако демократијата „не е кревок цвет. . . потребно е култивирање “, УСАИД е посветена да го прави токму тоа.

XS
SM
MD
LG