Accessibility links

Breaking News

УСАИД со одговор на предизвиците со верските слободи 


Yazidis
Yazidis

„Промовирање на верските слободи е стожер на нашите нови повеќегодишни државни стратегии“, рече привремениот администратор Барса 

Неочекувана последица од пандемијата на КОВИД-19 е зголемен притисок врз религиозните малцински групи, вклучувајќи нарушување на слободата на религија или верување.

Според специјалниот претставник на Обединетите нации за слобода на религија или верување Ахмед Шахид, „пандемијата предизвика зголемување на постоечката верска нетолернација во многу држави“.

„Јас сум алармиран од појавата на зголемување на омразата, обвинување на верските заедници, меѓу кои Евреи, христијани и муслимани, за ширењето на вирусот“, вели Шахид.

Факт е дека 83 проценти од населението во светот, живее во места со големи или многу големи рестрикции за молење и верско изразување, од кои повеќето ги таргетираат религиозните малцински групи.

Пандемијата на коронавирус не е причина за ваквите услови, но ја направи ситуацијата полоша.

Поради тоа, претседателот на САД Доналд Трамп, на втори јуни, потпиша извршна наредба за унаредување на верските слободи, интегрирајќи ги во американската дипломатија.

Извршната наредба му даде мандат на државниот секретар да изработи план во рок од шест месеци, според кој, меѓународните верски слободи ќе бидат приоритет во планирањето и имплементацијата на надворешната политика на САД, и во програмите за странска помош на Стејт департментот и на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Според планот се обезбедуваат најмалку 50 милиони долари за една фискална година, за програми кои ги унапредуваат меѓународните верски слободи.

„УСАИД ќе има клучна улога во имплементација на извршната наредба“, рече привремениот администратор на УСАИД Џон Барса во писмена изјава, во која меѓу другото стои дека „Американците отсекогаш верувале дека нашата прва слобода е слободата на религија, и претставува клучна компонента од нашата стратегија за национална безбедност“.

Напорите на УСАИД кон исполнување на претседателската извршна наредба за унапредување на меѓународните верски слободи, ќе бидат менаџирани од Сама Норквист, висока советничка за верски слободи и плурализам на Блискиот Исток.

Норквист има „децении искуство во работа на меѓународни односи и за прашања за верски слободи на Блискиот Исток, и глобално“.

„Промовирање на верските слободи е стожер на нашите нови повеќегодишни државни стратегии“, рече Барса, нагласувајќи:

„Дали како одговор на геноцидот на христијаните и Језидите во северниот дел на Ирак, или етничко чистење на Рохинга во Бурма, институционалната култура во однос на меѓународните верски слободи стана највисок приоритет на УСАИД“.

XS
SM
MD
LG