Accessibility links

Breaking News

Неопходни чекори за ставање крај на војната во Газа


Соединетите Држави остануваат против предлозите за анексија на Западниот Брег или изградба на израелски населби во Газа, изјави американскиот амбасадор Роберт Вуд, алтернативен претставник за специјални политички прашања во Обединетите нации.

Насилството на доселениците на Западниот Брег останува причина за загриженост, предупреди амбасадорот Вуд.

„Неодамнешните инциденти ги вклучуваат оние во Јурат Ал Кил, во близина на Хеброн, каде што Палестинците беа нападнати од голем број екстремистички доселеници кои оштетија имот, нападнаа цивили и пуштија кучиња за да ги нападнат жителите. Во палестинското село Џалуд, јужно од Наблус, десетици екстремистички доселеници наводно убиле добиток, нападнале домови и запалиле возила“.

Амбасадорот Вуд ја повика владата на Израел „да го одврати насилството на екстремистите кај доселениците и да ги заштити сите заедници. Ова вклучува интервенирање, спречување и запирање на напади.“ Тој исто така го повика Израел да го олесни хуманитарниот пристап до Газа, да го врати протокот на комерцијални стоки и да се справи со постојаното беззаконие што спречува помошта да стигне до Палестинците.

Во исто време, Советот за безбедност има „обврска да не дозволи Хамас да се извлече неказнето. Не - по бедата, смртта и уништувањето што ги предизвикаа пред 13 месеци“, изјави амбасадорот Вуд.

„Хамас цинично покажа дека претпочита војната да продолжи, вклучително и со отфрлање на повеќе понуди за прекин на огнот и други формули кои би го донеле многу потребното олеснување на палестинските цивили очајни за крај на борбите. Не смееме да отстапиме пред барањата на Хамас или да дозволиме тој да го диктира текот на настаните. Наместо тоа, мораме да го зголемиме притисокот врз Хамас да ја спроведе Резолуцијата 2735 без условувања, и без одлагање“.

За таа цел, Соединетите Држави воведоа дополнителни санкции за политичките лидери и донаторите на средства на Хамас.

„Само откако ќе постигнеме договор за прекин на огнот со ослободување на заложниците во согласност со резолуцијата 2735“, нагласи амбасадорот Вуд, „ќе биде можно да се зацрта нов пат напред во Газа што ќе им овозможи на Палестинците да ги обноват своите животи ослободени од тиранијата на Хамас“.

САД, исто така, суштински ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за издавање налози за апсење на високи израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Соединетите Држави ќе продолжат да ја поддржуваат дипломатијата на терен и да ги охрабруваат чекорите за ублажување на страдањата на палестинските цивили во Газа кои не го започнаа овој конфликт и се потпираат на меѓународната заедница да помогне да се стави крај на истиот.

XS
SM
MD
LG