Accessibility links

Breaking News

Посилно одвраќање и одбрана за НАТО


Џо Бајден на Самитот на НАТО во Мадрид
Џо Бајден на Самитот на НАТО во Мадрид

САД ќе ја зајакнат својата позиција на сила во Европа како директен одговор на заканата од руската војна против Украина, најави претседателот Џо Бајден на Самитот на НАТО во Мадрид.

„Ќе обезбедиме НАТО да е подготвен да одговори на заканите од сите правци преку секој домен - копно, воздух и море“.

САД веќе презедоа чекори за зајакнување на безбедноста на НАТО, истакна претседателот Бајден:

„Додадовме 20.000 дополнителни американски сили во Европа за да ја зајакнеме нашата Алијанса како одговор на агресивниот чекор на Русија, со што вкупниот број на нашите сили во Европа е 100.000. Ќе продолжиме да ги прилагодуваме силите според заканите во тесна консултација со нашите сојузници“.

На Самитот на НАТО, претседателот Бајден најави дека САД ќе сторат повеќе за јакнење на одвраќање на заканите кон НАТО и за одбранбената способност на Европа.

Тоа вклучува формирање на постојана командна станица во Полска, што ќе ја подобри интероперабилноста на САД и НАТО во Источното крило.

Дополнителен ротационен борбен тим на бригадата во Европа ќе биде стациониран во Романија и ќе има можност да распореди субординирани елементи за обука и вежби низ Источното крило.

Ќе има засилени ротирачки распоредувања во балтичкиот регион, вклучувајќи оклопни сили, авијација, воздушна одбрана и сили за специјални операции.

Сојузниците на НАТО исто така придонесуваат преку идентификување на значителни засилувања и воспоставување нови борбени структури кои можат да бидат унапредени до величина на бригада низ Источното крило.

„Ги зголемуваме ангажманот“, рече претседателот Бајден. „Докажуваме дека НАТО е попотребен сега, отколку било кога порано“.

XS
SM
MD
LG