Accessibility links

Breaking News

Поддршка за работата на Молдавија со згрижување на украинските бегалци


Влијанието од неоправданата и брутална војна на Владимир Путин против Украина предизвика последици кои одекнуваат многу подалеку од границите на Украина.

Еден од резултатите на нападите на Руската Федерација врз очигледно невоени цели е раселувањето на голем дел од цивилното население во Украина.

„Големината и брзината на раселувањето што ги видовме од Украина. . . бараше брз, значаен и координиран меѓународен одговор“, рече виша претставничка на американската администрација. На 3-ти април, американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд ја посети Молдавија -- дестинација за многу украински бегалци и транзитна земја за многу други.

Фокусот на патувањето на амбасадорката Томас-Гринфилд беше согледување на напорите кои беа пример од Молдавија да им помогне на бегалците кои доаѓаат од Украина и да обезбеди хуманитарна помош.

Протокот на бегалци најверојатно ќе се зголеми бидејќи Русија продолжува да ги ескалира своите напади во јужна Украина и напредува кон пристаништето Одеса во Црното море. Ако така се развиваат настаните, хуманитарните последици најдиректно ќе влијаат врз земјите на југозападната граница на Украина, Молдавија и Романија, рече високата американска претставничка. „Веќе овие земји прифатија еден милион луѓе раселени од војната на Путин - приближно една четвртина од вкупниот број бегалци, кои неодамна надминаа четири милиони, според ОН“.

Молдавија сега е домаќин на околу 100.000 украински бегалци.

За време на нејзината посета, амбасадорката Томас-Гринфилд најави дополнителни 50 милиони долари помош за помош на Владата на Молдавија и нејзиниот народ да се справат со влијанието на руската брутална војна врз Украина. Ова е дополнување на 30 милиони долари хуманитарна помош што САД веќе ја обезбедија за напорите за одговорот во Молдавија по 24 февруари.

„Молдавскиот народ се обедини и ги прифати украинските бегалци -- повеќето од нив жени и деца -- кои беа принудени да остават зад себе сè што имаат и да ги остават луѓето што ги сакаат, да за побегнат на безбедно“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд на заедничката прес-конференција со молдавската премиерка Наталија Гаврилита во Кишинев. „Вашето гостопримство и великодушност, сега се познати низ целиот свет. ...Во сите ваши напори, имате посветен партнер во САД“.

XS
SM
MD
LG