Accessibility links

Breaking News

Сирија сака враќање на бегалците, Русија се согласува


Речиси 10 години, Сирија врши злосторства врз нејзиниот народ на најлоши можни начини. 

Режимот, предводен до Башар ал-Асад, ги нападна мирољубивите демонстранти со тенкови и оружје. Исфрли таканаречени буриња бомби полни со бензин и експлозив врз популацијата и изврши напад со нервен гас врз цели соседства и села. Сириските граѓани беа осакатени, мачени и убиени од глад и хемикалии и оган.

Во Сирија, цивилите не се само жртви од војната, туку биле и се уште се – мета.

Како резултат на тоа, од популацијата пред војната од 23 милиони жители, околу 500.000 се убиени, 6,5 милиони внатрешно раселени, а околу 5,6 милиони се бегалци во соседните држави.

Но, сега, Асад, архитектот на сите злодела, бара бегалците да се вратат во Сирија.

Ехо на ваквиот повик доаѓа од неговиот поддржувач, рускиот претседател Владимир Путин.

На неодамнешната конференција за бегалци, ко-организирана во Дамаск од Сирија и од Русија, Асад и Путин инсистираа дека граѓанска војна е завршена и дека многу делови од претежно разурнатата земја сега се во мир. Истовремено, Русија инсистира дека во реконструкција на опустошената земја во војната мора да предводи враќањето на сириски бегалци, и тврди дека бегалците ќе може да се вратат дома само ако Западот е подготвен да плати за повторна изградба на Сирија.

Ова е флагрантен обид од Русија да обезбеди финансиски надоместок со тоа што ќе им помогне на нејзините компании да ги добијат вносни градежни договори.

Бегалците не им веруваат на ветувањата на Асад. Западните земји исто така, и инсистираат на тоа дека средствата за реконструкција ќе бидат достапни само кога сите политички затвореници ќе бидат ослободени, безбедноста на сите Сиријци е загарантирана и сирискиот политички процес се смета за легитимен. „Режимот на Асад, со поддршка од Русија, се обидува да искористи милиони ранливи бегалци како политички пиони во обид лажно да тврди дека сирискиот конфликт е завршен“, рече заменик-портпаролот на Стејт департментот Кејл Браун, во писмена изјава.

„Режимот на Асад е одговорен за смртта на над 500. 000 свои граѓани, бомбардирањето на бројни болници и негирањето на хуманитарната поддршка за милиони сириски граѓани. Ова не се постапки на влада на која може да ѝ се верува дека може да утврди кога бегалците можат безбедно да се вратат, ниту пак Асад треба да има моќ да ги насочува меѓународните средства за реконструкција “, рече тој.

„Соединетите Американски Држави остануваат посветени на сирискиот народ и на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации, што е единствениот пат кон политичко решение на сирискиот конфликт“.

XS
SM
MD
LG