Accessibility links

Breaking News

Денот на благодарноста 2022


На четвртиот четврток во ноември, Американците го одбележуваат Денот на благодарноста.

Овој празник, кој го започнале доселениците во Новиот свет, не се разликува многу од традиционалните фестивали на жетвата, кои се познати за Европа. Но, откако пристигнале во Северна Америка пред настапувањето на зимата, колонистите или доселениците, не биле подготвени за суровите временски услови. Речиси половина од нив изгинале во првата година.

Првата прослава на Денот на благодарноста била со посебно значење поради тешкотиите што тие ги минале претходната година.

Празникот Ден на благодарноста, што повеќето Американци го одбележуваат во денешни услови е делумно рефлексија на прославата што се одржала на територија на денешната сојузна држава Масачусетс, некаде помеѓу 21-ви септември и 11-ти ноември 1621 година. Како што вели легендата, на 53 Англичани - мажи, жени и деца им се придружиле околу 90 домородни американски племиња на гозба во знак на благодарност за првата жетва во нивниот нов дом.

Тие имале многу за што да бидат благодарни. Само една година претходно, во средината на ноември 1620 година, тие беа дел од групата од 102 колонисти и 30 членови на екипажот кои стигнаа до бреговите на Северна Америка со бродот наречен Мејфлауер. Тоа биле пуританци, верски отпадници, кои барале нов дом за да ја практикуваат верата што ним им одговара.

До таа прва прослава на Денот на благодарноста, половина од нивниот број умреле поради глад, болести и суровите временски услови. За среќа на колонистите, нивните соседи од племето Вампаноаг се сожалиле на нив. Тие ја одржале колонијата со донации на храна и ги научиле пуританците како да го користат она што го нуди природата за свои потреби.

Тој прв фестивал бил вистински израз на благодарност од страна на колонистите, што преживеле. „Исто како и пред 400 години кога овие луѓе ја прославиле својата прва жетва благодарение на великодушноста и поддршката на племето Вампаноаг, и денес се изразува благодарност за оние кои помогнаа да ја минеме оваа тешка година“, рече претседателот Џо Бајден.

„Денот на благодарноста остава време за рефлексија за нашите многубројни благослови што ги уживаме - за Бог, за оваа нација, за тоа што се имаме едни со други. Ние сме благодарни за сето ова, дури, и особено за време на предизвици“.

XS
SM
MD
LG