Во соопштението се истакнува дека директната поддршка на КНДР за руската агресивна војна против Украина „ќе означи опасно проширување на конфликтот, со сериозни последици за европскиот и Индо-пацифичкиот мир и безбедност. Тоа би било дополнително прекршување на меѓународното право, вклучувајќи ги и најфундаменталните принципи на Повелбата на ОН“.
Има околу 10.000 севернокорејски војници во источна Русија, а повеќето моментално се во областа Курск.
Има извештаи за судири меѓу украинските и силите на Северна Кореја во Курск.
Како што рече американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, „Ова е прв пат по повеќе од еден век Русија да вдоми странските трупи на своја територија“. Причината зошто, истакна тој, е затоа што „силите на Путин претрпеа сериозни загуби на терен“.
„Во последниве месеци, украинските сили предизвикуваа повеќе од 1200 руски жртви дневно - повеќе од кое било друго време за време на војната на Путин. И со тоа што се потпира на Северна Кореја за дополнителни војници, Путин му покажува на светот уште еден јасен знак на слабост. Севернокорејскиот гамбит на Кремљ само нагласува колку лошо се одвива војната на Путин, и во колку проблеми се наоѓа тој“.
За време на неодамнешниот брифинг со новинарите, портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер, рече дека времето ќе покаже „точно, како овие сили КДРК се интегрирани во руските операции и како се посветени на бојното поле“.
„Со оглед на тоа што ова се потенцијални сили кои доаѓаат на местото на огромниот број загуби што ги доживува Русија, мислам дека тоа е веројатно правична проценка, и секако не би сакал да бидам севернокорејски војник... Украинците се борбено искусни ветерани кои знаат да војуваат. Сите показатели велат дека ќе продолжат да го бранат украинскиот суверенитет и ќе продолжат да го бранат Курск, територијата што ја зазедоа“.
Генерал-мајор Рајдер нагласи дека САД продолжуваат „да се консултираат со нашите сојузници и партнери. Исто така, продолжуваме да гарантираме дека имаме тесна соработка со Украина и околу 50 нации за достава на помош за безбедноста на Украина, за одбрана на украинскиот суверенитет овде, и на друго место на бојното поле“.
Осуда за распоредувањето севернокорејски војници во Русија во војната против Украина

САД, заедно со Австралија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, Велика Британија и ЕУ, објавија заедничка изјава на 6 ноември во која изразија голема загриженост поради распоредувањето на трупи на Северна Кореја во Украина.