Претседателот истакна дека „чистото зло“ што го ослободи Хамас „е ехо по речиси 20 месечната војна, трагедија и бруталност нанесена врз народот на Украина – луѓе кои беа многу тешко повредени откако Путин ја започна својата сеопфатна инвазија“.
„Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат нешто заедничко: и двајцата сакаат целосно да уништат соседна демократија - сосема да ја уништат.
„Наводната цел на Хамас е уништување на државата Израел и убиство на еврејски народ. Хамас не го претставува палестинскиот народ. Хамас ги користи палестинските цивили како жив штит, а невините палестински семејства страдаат поради нив“.
Во меѓувреме, претседателот Бајден рече дека Путин е одговорен за масовните украински гробници и насилното одвојување на илјадници украински деца од нивните семејства; Путин негира дека Украина има или некогаш имала вистинска државност.
„Да осигураме Израел и Украина да успеат“, рече претседателот, „е од витално значење за националната безбедност на Америка“.
„Историјата нè научи дека кога терористите нема да ја платат цената за нивниот терор, кога диктаторите не ја плаќаат цената за нивната агресија, тие предизвикуваат поголем хаос и смрт и повеќе уништување. Тие продолжуваат по тој пат, а цената и заканите за Америка и за светот продолжуваат да растат“.
„Американското лидерство е она што го држи светот заедно“, рече претседателот Бајден.
„Американските сојузи ја чуваат Америка безбедна. Американските вредности се она што не прави партнер со другите нации кои сакаат да соработуваат. Да се стави сето тоа во ризик ако се откажеме од Украина, ако му свртиме грб на Израел, едноставно не вреди“.
За да ги финансира американските потреби за национална безбедност и да ги поддржи нејзините партнери, вклучувајќи ги Израел и Украина, претседателот испрати итно барање за буџет до Конгресот.
„Не можеме и нема да дозволиме терористите како Хамас и тираните како Путин да победат“, рече претседателот Бајден. „Одбивам да дозволам тоа да се случи“.
Ова е уреднички текст што ги одразува ставовите на Владата на Соединетите Американски Држави.
Претседателот Џо Бајден се обрати пред американскиот народ по неговото враќање од Израел по ужасниот напад на Хамас во кој беа убиени над 1.300 луѓе, проследено со голем број заложници.