„Ако гледате на стратешко ниво, конкуренцијата со Народна Република Кина ќе биде дефинирана со тоа како ќе изгледа светот во текот на следните 10, 20 и 30 години, и така тоа мора да биде врвен приоритет за администрацијата која доаѓа“.
Советникот за национална безбедност Саливан истакна дека за Соединетите Американски Држави и Кина одговорно да управуваат со својата конкуренција, двете земји мора да ги одржуваат на долг рок каналите на комуникација на секое ниво, особено на ниво на армиите.
„Најнепосреден“ надворешнополитички предизвик на САД, рече советникот за национална безбедност Саливан, „е Иран и неговите прокси групи кои продолжуваат да преземаат дејствија што директно ги загрозуваат Американците и американските интереси на Блискиот Исток, и тоа треба да се реши по итна основа“.
„Помеѓу тие две, НР Кина и Иран, имате и тековна агресивна војна од страна на Русија против Украина што претставува поголема закана за европската безбедност, а со тоа и за глобалната безбедност. И, тука ја имате Северна Кореја која ѝ обезбеди војници во таа војна“.
Советникот за национална безбедност Саливан нагласи дека за успех во справувањето со итните прашања од надворешната политика, вклучително и долгорочната конкуренција на САД со НР Кина, потребна е двопартиска основа.
„И многу аспекти од политиката што ја водевме во оваа администрација, во однос на НР Кина и во однос на Индо-Пацификот, беа двопартиски… истото важи и во однос на Украина, каде што имаше силна двопартиска поддршка и гласови и во Домот и во Сенатот за ресурсите и стратегијата за Украина. Значи, од наша перспектива, би сакале да го видиме тоа да продолжи“.
Тоа се одлуки што ќе треба да ги донесе идната администрација, рече советникот за национална безбедност Саливан. „Сè што можам да кажам“, додаде тој, „е дека кога станува збор за инвестирање во нашите сојузи, изворите на сила дома, заштитата на нашите напредни технологии, тоа се работите што ќе продолжиме да ги застапуваме бидејќи ние мислам дека тоа не се политички прашања. Тие се американски прашања што можат да им служат на сите луѓе на оваа земја“.
И, додека САД се подготвуваат за мирен трансфер на власта на 20 јануари 2025 година, советникот за национална безбедност Џејк Саливан ги сподели своите ставови за најитните безбедносни закани со кои се соочуваат САД: