„И она на што сме фокусирани не е да избереме пат за Сирија, туку да се увериме дека сирискиот народ има можност да го избере својот пат напред“.
Секретарот Блинкен рече дека за да успее, секоја преодна влада мора да се придржува до одредени основни принципи.
„Треба да се поддржат и заштитат правата на сите Сиријци, вклучително и на малцинствата, вклучително и жените. Мора да се погрижи да ги зачува државните институции, да дава услуги. Мораме да се погрижиме секоја привремена влада, исто така, да се погрижи Сирија да не се користи како база за тероризам, екстремизам и да не претставува закана за нејзините соседи или сојузник со групи како ИСИС. Исто така, треба да се осигура дека секое хемиско оружје е обезбедено и уништено“.
Секретарот Блинкен рече дека во неговиот разговор со сојузниците во регионот, „сите се согласија да имаат унифициран пристап за унапредување на многу од нашите заеднички интереси“.
„Исто така, ќе бидеме многу фокусирани на спречување на кој било актер внатре или надвор од земјата да ги става своите тесни лични интереси пред интересите на сирискиот народ, особено во овој деликатен момент. А тоа ја вклучува, се разбира, ИСИС, која без сомнение ќе се обиде да се прегрупира. И мислам дека е докажано дека САД се решени да спречат тоа да се случи“.
Принципите што тој ги опиша, рече секретарот Блинкен, се „дизајнирани да ги одразуваат потребите, аспирациите, волјата на сирискиот народ; не да им диктираат што треба да прават, туку да се погрижат да имаат можност да го следат својот пат“.
„Првпат по децении Сирија има можност да има влада во која не доминира диктатор како Асад ... во која не доминира надворешна сила, во која не доминира ИСИС, туку всушност е управувана од и одговара на сирискиот народ“.
„И“, изјави секретарот Блинкен, „ние сме решени да сториме се` што можеме, работејќи во тесна координација со партнерите, за да му помогнеме на сирискиот народ да ја реализира таа аспирација“.
Државниот секретар Ентони Блинкен неодамна отпатува во Јордан и Турција за да помогне во координирањето на напорите низ регионот за поддршка на сирискиот народ „како што се оддалечувa од Асад“, им рече на новинарите на прес-брифингот во Јордан: