Accessibility links

Breaking News

Не може да има мир без правда во Украина


(FILE) An art installation in Poland representing Russian crimes in Ukraine
(FILE) An art installation in Poland representing Russian crimes in Ukraine

Мора да има правда за милиони Украинци чии животи се нарушени и уништени од неиспровоцираната агресивна војна што ја започна рускиот претседател Владимир Путин, изјави американската амбасадорка за глобална кривична правда, Бет Ван Шаак во неодамнешното сведочење во Конгресот.

Соединетите Држави следат повеќе патишта до правдата за одговорните за овие злоупотреби. Првиот ги вклучува меѓународните судови и институции, рече амбасадорката Шаак:

„ Работиме на формирање и ќе продолжиме со напори за обновување на мандатот на Истражната комисија на Обединетите нации посветена на Украина. Повеќекратни повикувања на Московскиот механизам на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Ние, исто така, се обидовме да интервенираме во случајот на Украина против Русија според Конвенцијата за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. И конечно...обвинителот на Меѓународниот кривичен суд...издаде две потерници.

Вториот пат до правдата има за цел да го зајакне и зголеми капацитетот на украинските институции за документирање, истрага и гонење на злосторствата во украинските судови, објасни амбасадорката Ван Шаак:

„Украинската канцеларија на јавниот обвинител...сега има евидентирано речиси 90.000 злосторства кои можат да се гонат. Преку советодавната група за злосторства...ние обезбедуваме стручна помош и совети, градење капацитети, стручна обука за цела низа обвинителски и истражни потреби на јавниот обвинител...Ова вклучува многу фокусирано внимание на кривичното дело на сексуалното насилство поврзано со конфликти.

„Третиот пат до правдата е поддршка на стратешки судски спорови што може да се случат во трети држави“, вклучително и во Европа, објасни амбасадорката Шак.

Гонењето за кривично дело агресија е уште едно средство за правда, рече амбасадорката Шаак:

„Дозволувањето неказнивост за илегалната агресивна војна на Русија ќе ги охрабри другите актери кои ќе се вклучат во слични очигледни прекршувања на државниот суверенитет, територијалниот интегритет и политичката независност. Поради оваа причина, ние го поддржуваме формирањето на специјален трибунал посветен на гонење на најодговорните за кривичното дело агресија .

„Не може да има сигурен или траен мир без правда“, изјави амбасадорката Шаак. „Да се бара одговорност од Русија за нејзините воени злосторства, злосторства против човештвото и други злосторства во Украина и против украинскиот народ е основа за одбрана на американските вредности, а исто така и за одржување на мирен, праведен и безбеден свет.”

XS
SM
MD
LG