Цел на иницијативата е промоција на инфраструктурни инвестиции и економски развој, како заштита од малигните режими во Русија и Кина.
„Имаме можност да ги одржиме европските држави силни, слободни и обединети со САД, како што мојата држава сака тие да бидат“, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.
Москва и Пекинг преферираат инфраструктурни договори, како начин да стекнат стратешко и политичко влијание во европските држави. „Го видовме ова со Северен тек 2. Ги видовме негативните ефекти од кинеските инфрастурктурни зделки низ светот, од Лаос до Црна Гора, и до Пакистан“, рече Помпео.
Да помогнат дражавите од “Три мориња“ да бидат слободни од малигно влијание, САД најавија дека би финансирале до милијарда долари во инфраструктурни проекти. „Стоиме со нашите европски пријатели на цврсто тло на слобода и демократија, фондација за пријателство сега и во годините пред нас“, рече Помпео
САД ја поддржуваат иницијативата „Три мориња“, која вклучува 12 демократии лоцирани меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.