Accessibility links

Breaking News

Трговија со луѓе


Трговијата со луѓе, рече Државниот секретар Антони Блинкен, „претставува навреда за човековите права; тоа е навреда за човечкото достоинство ... Знаеме дека ги дестабилизира општествата и за економиите.

Значи, мора да сториме се што можеме како држава, но и како глобална заедница, за јс прекинеме оваа трговија каде и да се случува“.

Меѓународната организација на трудот проценува дека речиси 25 милиони луѓе ширум светот се жртви на трговија со луѓе. Соединетите држави препознаваат две форми на трговија со луѓе: присилна работа и сексуална трговија. Многумина се принудени на сексуална работа. Многумина од присила работат во фабрики, рудници или на полиња, или присилени да се приклучат на вооружени групи.

На 1 јули, Стејт департментот на САД го издаде својот годишен извештај за трговија со луѓе, најсеопфатниот ресурс во светот што објективно ги проценува владините напори за борба против трговија со луѓе - вклучително и во Соединетите држави - низ целиот свет. „Трговците со луѓе постојано ги прилагодуваат своите методи и секоја земја, вклучително и САД, мора да продолжи да ги прилагодува сопствените стратегии за да остане пред нив“. Земете ги ефектите од пандемијата COVID-19 врз трговијата со луѓе.

„Трговците со луѓе ја искористија можноста да ги развиваат своите активности. Луѓето кои беа погодени од тешки економски околности заради пандемијата станаа поранливи на експлоатација. И како што повеќе луѓе поминуваа часови на Интернет за на училиште и на работа, трговците со луѓе користеа интернет за да ги подготвуваат и регрутираат потенцијалните жртви “.

Оваа година, рече секретарот Блинкен, извештајот се фокусира и на трговија со луѓе спонзорирана од држави.

„Документиравме 11 држави каде што самата влада е трговец со луѓе - на пример, преку присилна работа на проекти од јавниот сектор, или во сектори на економијата за кои владата смета дека се особено важни“.

Конечно, „Извештајот експлицитно ја признава врската помеѓу системската нееднаквост и трговијата со луѓе. Ова е нешто со што треба да се борат многу земји, вклучувајќи ги и Соединетите држави “. Тоа е затоа што трговците со луѓе ц елат на маргинализирани заедници, поединци кои веројатно нема да пријават злоставување или такви на кои помалку им се верува кога ќе пријават дека се мета на напади или злоупотреби.

„Ако сме сериозни во ставањето крај на трговијата со луѓе, мора да работиме и на искоренување на системскиот расизам, сексизам и други форми на дискриминација и да изградиме порамноправно општество во секоја димензија“.

„Најитните предизвици со кои се соочува нашиот свет не може да ги реши ниту една земја ако дејствува самостојно. … Треба да работиме заедно, да споделуваме информации и да бараме одговорност едни од други. Така ќе создадеме свет во кој никој не е искористен од трговците со луѓе и секој е во состојба да живее безбедно и достоинствено “.

XS
SM
MD
LG