Accessibility links

Breaking News

САД и други земји ја суспендираат помошта за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци


(FILE) Palestinians stand at the entrance of the UNRWA-run University in the occupied West Bank.
(FILE) Palestinians stand at the entrance of the UNRWA-run University in the occupied West Bank.

Речиси десетина земји најавија дека ќе ја прекинат помошта за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, по наводите дека дванаесет членови на персоналот биле вклучени во ужасниот терористички напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

САД се водечки придонесувач за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци и беа првата земја што ја прекина помошта за организацијата. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, во изјава рече дека САД „се крајно вознемирени од обвинувањата. Стејт департментот привремено го паузираше дополнителното финансирање на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци додека ги разгледуваме овие наводи и чекорите што Обединетите нации ги преземаат за нивно решавање“, рече тој.

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, истакна дека државниот секретар Ентони Блинкен јасно ставил до знаење во телефонскиот разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш дека САД „очекуваат целосна, темелна и транспарентна истрага“, и дека „оние кои треба се соодветно повикани на одговорност, како што рекоа ОН, вклучувајќи го и потенцијалот за кривично гонење“.

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци е основана во 1948 година за бегалците од арапско-израелската војна 1948-1949 година. Обезбедува помош и услуги за луѓето во Газа, Западниот Брег, Либан, Сирија и Јордан. Агенцијата работи со училишта, здравствени клиники, инфраструктура и проекти за помош. Наводно, 2 милиони луѓе во Газа се потпираат на услугите Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци. Израел долго време ја обвинува организацијата дека промовира антисемитизам во своите училишта и дека му дозволува на Хамас да ги троши парите и залихите донирани на агенцијата и кои се наменети за палестинските цивили.

Портпаролот Милер рече дека „Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци игра клучна улога во обезбедувањето помош за спасување на Палестинците, вклучувајќи основна храна, лекови, засолниште и друга витална хуманитарна поддршка. Нивната работа спаси животи, и важно е агенцијата да се справи со овие наводи и да преземе какви било соодветни корективни мерки, вклучително и ревидирање на постојните политики и процедури“.

Во изјавата по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, 27 јануари, претседателот Бајден истакна: „На 7 октомври, терористите на Хамас извршија зло врз народот на Израел, убивајќи околу 1.200 невини луѓе и земајќи уште стотици заложници - вклучително и преживеаните од Шоа. Тоа беше најлошото злосторство извршено врз еврејскиот народ во еден ден по Холокаустот“.

Како што рече координаторот на Советот за национална безбедност Кирби, наводите дека дури и мал број вработени Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци помогнале во тој напор се „сериозни“. Затоа, истрагата на Обединетите нации за обвиненијата, рече тој, треба да „биде веродостојна, транспарентна и темелна и навремена“.

XS
SM
MD
LG