„Намерата на Иран беше да предизвика значителна штета и смрт во Израел. Лансираше над 300 парчиња муниција, вклучително и повеќе од 100 балистички ракети и копнени крстосувачки ракети кон Израел, како и експлозивни беспилотни летала. Непромислените акции на Иран не само што претставуваа закана за населението во Израел, туку и за другите земји-членки на ОН во регионот, вклучувајќи ги Јордан и Ирак“.
Иран има долга историја на флагрантно кршење на своите меѓународни правни обврски, особено преку дејствијата на Корпусот на гардата на Исламската револуција, рече амбасадорот Вуд:
„Со вооружување на Хезболах спротивно на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност. Со вооружување, олеснување и овозможување напади на Хутите врз Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, и од неодамна, на трговскиот и комерцијалниот брод во Црвеното Море, со јасно кршење на Резолуцијата 2216 и пркосење на Резолуцијата 2722“.
Во последниве години, Иран, исто така, постојано го прекршува меѓународното право со гаѓање мини и запленување комерцијални бродови во меѓународните води на Персискиот Залив и околните водни патишта.
„Иран, исто така, беше во широка смисла, соучесник во нападот на Израел на 7 октомври, бидејќи обезбеди значително финансирање и обука за военото крило на Хамас“, рече амбасадорот Вуд.
Тој продолжи да го повика Советот за безбедност „недвосмислено да ги осуди агресивните дејства на Иран и да го повика Иран и неговите партнери и полномошници да престанат со своите напади“.
САД го поддржуваат израелското остварување на неговото право да се брани себеси од овој напад, нагласи амбасадорот Вуд:
„И дозволете ми да бидам јасен - ако Иран или неговите полномошници преземат дејствија против САД ли понатамошни дејствија против Израел, Иран ќе биде одговорен“.
Најдобар начин да се спречи каква било понатамошна ескалација е недвосмислена осуда од Советот за безбедност на невидениот, голем напад на Иран и недвосмислен повик до него и неговите полномошници и партнери да се воздржат од натамошно насилство.
САД најостро го осудуваат нападот без преседан врз државата Израел од страна на Исламската Република Иран и нејзините милитантни полномошници и партнери, рече амбасадорот Роберт Вуд, заменик- претставник на САД за специјални политички прашања во Обединетите нации.