Accessibility links

Breaking News

Приоритети на надворешната политика за 2024 година на САД


(FILE) Finnish Foreign Minister Pekka Haavisto, shakes hands with U.S. Secretary of State Antony Blinken at NATO headquarters in Brussels.
(FILE) Finnish Foreign Minister Pekka Haavisto, shakes hands with U.S. Secretary of State Antony Blinken at NATO headquarters in Brussels.

„И, додека влегуваме во 2024 година, продолжуваме да стоиме рамо до рамо со оние кои ја споделуваат нашата визија за слободен, отворен, просперитетен и безбеден свет“, изјави државниот секретар Ентони Блинкен на прес-конференција на крајот на годината.

„Прво, ќе продолжиме да ги собираме земјите ширум светот да ја поддржат слободата и независноста на Украина и да се осигураме дека руската агресија ќе остане стратешки неуспех“, рече секретарот Блинкен.

„Русија е послаба воено, економски и дипломатски. НАТО е поголем и посилен и пообединет од кој било момент во својата речиси 75-годишна историја. Оваа година ја додадовме нашата 31-ва членка на НАТО – Финска. И, Шведска ќе се приклучи наскоро, со што ќе донесе уште поголема моќ и способност на нашиот одбранбен сојуз“.

Друг приоритет за 2024 година ќе биде да продолжиме да се ангажираме со Кина од позиција на сила, рече секретарот Блинкен.

„Ја продлабочуваме соработката и координацијата меѓу НАТО и нашите индо-пацифички сојузници. Овие напори ни овозможија поефикасно да се ангажираме кога се справуваме со областите кои се загрижувачки, како што се принудните трговски и економски практики на Кина, мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и Источното и Јужното Кинеско Море, како и човековите права“.

Трето, САД се посветени да работат со другите за доброто на нашиот народ и за луѓето ширум светот, рече секретарот Блинкен.

„Тоа е токму она што го направивме во 2023 година, обединувајќи коалиции на влади, бизниси, граѓански општества, регионални и мултилатерални институции за да се справиме со несигурноста околу храната; да промовираме безбедни и доверливи системи за вештачка интелигенција; да се бориме против кризата со синтетички дроги; да се запре злото на владите кои произволно приведуваат странски државјани; да се мобилизираат стотици милијарди долари за изградба на физичка, дигитална, чиста енергија и здравствена инфраструктура низ земјите во развој“.

Во однос на конфликтот меѓу Израел и Хамас, секретарот Блинкен рече дека САД ќе се фокусираат „да му помогнат на Израел да се осигура дека она што се случи на 7 октомври никогаш повеќе нема да може да се повтори, со што конфликтот ќе заврши што е можно побрзо, притоа минимизирајќи ги загубите на животи и страдањето на цивилите, враќањето на преостанатите заложници дома кај нивните семејства, спречувањето на конфликтот да се прошири и еднаш засекогаш да се прекине разорниот циклус на насилство и да се придвижи кон траен мир“.

САД со нетрпение очекуваат да ја зајакнат својата мрежа на сојузи и партнерства за да одговорат на предизвиците во 2024 година.

Ова е коментар што ги одразува ставовите на Владата на Соединетите Американски Држави.

XS
SM
MD
LG