Accessibility links

Breaking News

САД формално го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО


US-FINLAND-SWEDEN-NATO. File
US-FINLAND-SWEDEN-NATO. File

САД го дадоа своето официјално одобрение Финска и Шведска да се приклучат на Северноатлантската Алијанса.

На 9 август, претседателот Џо Бајден ги потпиша американските инструменти за ратификација, со што САД станаа 23-та членка на НАТО што ја одобри апликацијата на двете нордиски земји да се приклучат на најсилниот, најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

Оставајќи ја зад нив долгогодишната традиција на неутралност, Финска и Шведска се обидоа да се приклучат на НАТО во мај поради неиспровоцираната и брутална војна на Владимир Путин против Украина.

„Путин мислеше дека може да не` раздели, ќе ја ослабне нашата решителност. Наместо тоа, тој го добива токму она што не го сакаше“, рече претседателот Бајден.

Претседателот Бајден ги повика преостанатите сојузници во НАТО кои сè уште не го ратификувале пристапот на двете земји во НАТО да го сторат тоа брзо.

„Финска и Шведска имаат силни демократски институции, силни војски и силни и транспарентни економии. Тие ќе ги исполнат сите барања на НАТО и ќе ја направат нашата Алијанса посилна“.

Претседателот Бајден истакна дека кандидатурите на двете земји за членство во НАТО имале огромна двопартиска поддршка во Сенатот на САД, како што се покажа на гласањето во Сенатот на 3 август. Тој рече дека поддршката испратила порака: „Заедно со нашите сојузници и партнери, ние ќе ја напишеме иднината што сакаме да ја видиме. И во момент кога Путиновата Русија ги наруши мирот и безбедноста во Европа, кога автократите ги нарушуваат основите на поредокот заснован на правила, силата на Трансатлантската алијанса и посветеноста на Америка кон НАТО се поважни отколку што било кога било“.

Претседателот Бајден посочи дека во обидот да се приклучат кон НАТО, Финска и Шведска преземаат „света посветеност“ на јадрото на НАТО Алијансата - членот 5, кој ја обврзува секоја земја-членка на взаемна одбрана, односно нападот против една членка е напад против сите членови.

„Денес многу јасно гледаме како НАТО останува незаменлив сојуз за светот денес и на светот во иднина“, изјави претседателот Бајден.

„Кога Финска и Шведска ќе го доведат бројот на сојузници на 32, ние ќе бидеме посилни од кога било. И ова ќе биде од корист за целиот наш народ“.

XS
SM
MD
LG