Во соопштението на Одделот за финансии се вели: „Поединците кои се посочени денес, играат клучна улога во работењето на компаниите во инвестициското портфолио на Хамас за заобиколување на санкциите наметнати од Одделот за финансии.
Тие исто така ја нагласуваат клучната улога што Иран ја игра во обезбедувањето финансиска, логистичка и оперативна поддршка на Хамас“.
Меѓу санкционираните лица е ѝ јордански државјанин кој е долгогодишен функционер на Хамас во Иран и неколку членови на иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, ИРГЦ, кој го обучува и помага Хамас, како и на терористичките групи - Палестински исламски џихад и Хезболах.
Санкции се воведени и врз добротворното здружение Ал-Ансар, кое го финансира Палестинскиот исламски џихад преку иранската Бонад Шахид, позната и како Фондација на маченици; и три компании во сопственост или контролирани од суданскиот финансиер на Хамас, Абделбасит Хамза Елхасан Мохамед Каир.
Санкционирани се и тројца главни акционери на турската компанија „Тренд ГЈО“, која е клучна компонента на глобалниот имот на Хамас.
Говорејќи во Лондон по објавувањето на новите санкции на САД, заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо рече: „Хамас и поврзаните терористички групи долго време се обидуваат да го уништат Израел и да ги нападнат оние во регионот и ширум светот кои не се приклонуваат на нивната идеологија на омраза.
„На овие групи им требаат финансиски ресурси за да помогнат да ја поттикнат нивната омраза. За да го направат тоа, тие развија начини за пристап или заобиколување на нашите финансиски системи. Нашата цел е да ги прекинеме тие финансиски ресурси, а истовремено да обезбедиме хуманитарната помош да продолжи да пристигнува до палестинскиот народ во Газа“.
Заменик-секретарот Адејемо ја нагласи потребата од координација меѓу сојузниците и партнерите во однос на глобалната закана што ја претставуваат терористите.
„Ја препознаваме важноста на овие предизвици што ги преземаме со нашите партнери како коалиција“, рече тој. „Во услови на санкции, првата реакција на целта е да побара безбедност на друго место. Тие префрлаат пари, менуваат валути и ги преместуваат операциите - сето тоа во обид да ги продолжат своите незаконски активности. Ние сме подготвени“, рече заменик-секретарот за финансии Адејемо, „да работиме со земјите ширум светот за да се осигураме дека терористите и оние што ги поддржуваат немаат каде да ги кријат парите“.
Три недели откако терористите на Хамас го извршија својот ужасен напад врз Израел, брутално убивајќи 1400 луѓе и земајќи уште стотици заложници, САД воведоа нови санкции за клучните функционери и финансиски мрежи поврзани со Хамас.