Accessibility links

Breaking News

САД ја потврдуваат солидарноста со Навални и други


A women holds a "Free Navalny" sign during a protest against Russia's jailing of opposition leader Alexei Navalny, in Tel Aviv, Israel. (File)
A women holds a "Free Navalny" sign during a protest against Russia's jailing of opposition leader Alexei Navalny, in Tel Aviv, Israel. (File)

Поминаа две години откако офицери на руската влада се обидоа да го убијат лидерот на демократската опозиција Алексеј Навални со нервен агенс наречен Новичок на руска територија.

Кога Навални го преживеа дрскиот напад и храбро се врати во Русија по закрепнувањето во странство, Кремљ бесрамно го затвори под политички мотивирани обвиненија.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс повторно „ја осуди руската употреба на хемиско оружје за труење на политички противник и го повика Кремљ целосно да ја прогласи и растури својата програма за хемиско оружје“.

САД се придружуваат на семејството, колегите и поддржувачите на Навални ширум светот во повикот за негово итно ослободување.

Слична судбина доживеаја и други руски активисти. Во април, руските власти го уапсија Владимир Кара-Мурза, поборник за демократија и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, на улица во близина на неговиот стан во Москва. Додека тој беше во притвор за измислен административен прекршок, тие дополнително го обвинија за „намерно ширење лажни информации“ за вооружените сили на Русија. Кара-Мурза моментално се наоѓа во истражен затвор и доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со казна затвор до 15 години.

Ова не е првпат Кремљ да посегне по Кара-Мурза. Двапати беше отруен, во 2015 и 2017 година и заврши во кома. Овие посегнувања по неговиот живот беа нашироко сметани како одмазда на руската влада за неговата работа на Законот Магнитски, кој воведе таргетирани санкции за руските прекршители на човекови права.

Откако ја започна својата натамошна инвазија на Украина, Кремљ ги ескалираше своите репресии против неистомислениците и независните медиуми во Русија, вклучително и преку широки закони за цензура кои носат строги затворски казни. Кремљ се обидува да го спречи народот на Русија да знае за злосторствата што нејзините сили ги нанесуваат врз украинските цивили, како и да дознае за големиот број непотребни руски воени жртви во оваа неправедна војна.

Портпаролот Прајс ја потврди „солидарноста на САД со Алексеј Навални, Владимир Кара-Мурза и другите политички затвореници во Русија, како и илјадниците други храбри руски граѓани кои, и покрај личниот ризик, се спротивставуваат на лагите на Кремљ со вистината“.

Ова беше став што ги одразува погледите на владата на САД

XS
SM
MD
LG