Accessibility links

Breaking News

САД ја санкционираат Русија за мешање во американските избори


Изборите се камен-темелник на демократскиот систем на владеење. Обидите за таргетирање на американскиот изборен систем се напад врз демократските вредности на САД. Оттаму, не е изненадување што владата на САД сериозно го зема секој обид да се поткопа или манипулира американскиот изборен систем.

„Руската Федерација покажа решителност во нејзините обиди да ги поткопа демократските процеси и институции суштински за функционирањето на нашата демократија и на другите земји“, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

„Како одговор, САД санкционираат двајца поединци и четири ентитети кои ги поддржуваат операциите на глобално злобно влијание на Кремљ и активностите за мешање во изборите“.

Александар Викторович Јонов, претседател и основач на Движењето против глобализација на Русија, ја користи својата позиција и различни компании за да ја промовира руската агенда за дезинформации и соработувал со руските разузнавачки служби за поддршка на организации за кои веруваа дека ќе создадат општествено-политички нарушувања во САД.

Тој, исто така, е претседател и сопственик на „Јонов Трансконтинентал“ и ги регистрирал домените на веб-страницата СТОП-Империјализам. Јонов беше назначен во согласност со Извршниот налог 14024 оти дејствувал за или во име на Владата на Руската Федерација. Во исто време, Движењето против глобализација на Русија и „Јонов Трансконтинентал“ беа назначени според Извршниот налог 14024 дека се во сопственост или контролирани од Јонов.

СТОП-Империјализам, исто така, беше назначен според Извршниот налог 14024 за дејствување во име на Јонов.

Наталија Валериевна Бурлинова е основачка и претседателка на Центарот за поддршка и развој на јавната иницијатива креативна дипломатија, познат и како PICREADI или Креативна дипломатија. И Бурлинова и PICREADI се директно финансирани и раководени од руските разузнавачки служби кои, исто така, ги следат кариерните патеки и позиции на учесниците во настани спонзорирани од PICREADI.

Бурлинова беше назначена во согласност со Извршната наредба 14024 затоа што дејствувала во име на Владата на Руската Федерација.

PICREADI беше назначен во согласност со Извршниот налог 14024 затоа што дејствувал во име на Владата на Руската Федерација и дека бил во сопственост на Бурлинова.

Како резултат на овие назначувања, целиот имот под јурисдикција на САД во кој овие поединци и ентитети имаат најмалку 50 отсто интерес е блокиран.

„Кремљ постојано се обидуваше да ги загрози и поткопа нашите демократски процеси и институции“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон. „САД ќе продолжат со нашата обемна работа за да се спротивстават на овие напори и да ја заштитат нашата демократија од мешањето на Русија“.

XS
SM
MD
LG