Accessibility links

Breaking News

САД ги поддржуваат напорите за правда на Меѓународниот кривичен суд


(FILE) Exterior view of the International Criminal Court, or ICC, in The Hague, Netherlands, on April 30, 2024.
(FILE) Exterior view of the International Criminal Court, or ICC, in The Hague, Netherlands, on April 30, 2024.

Ова беше напорна година за Меѓународниот кривичен суд, единствениот постојан меѓународен суд со јурисдикција да гони поединци за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и злосторство за агресија.

Овој суд не е огранок на Обединетите нации, но соработува со Меѓународниот суд на правдата на ОН за промовирање на глобалната правда, меѓународниот мир и безбедност.

САД ја поддржуваат работата на овој суд, изјави Марк Симоноф, правен советник во мисијата на САД во Обединетите нации.

„Работата на Меѓународниот кривичен суд е од витално значење за оваа мисија и ги поздравуваме континуираните напори на Судот за спроведување на правдата за жртвите на злосторства“.

Еден од најистакнатите случаи пред Судот оваа година беше оној на Ал Хасан Аг Абдул Азиз Аг Мохамед Аг Махмуд, член на Ансар Един, терористичка група поврзана со Ал Каеда која дејствува во Мали. Ал Хасан беше де факто началник на исламската полиција таму. На 26 јуни, Ал Хасан беше осуден за злосторства против човештвото, за тортура, прогон, осакатување, сурово постапување и изрекување казни без претходна пресуда донесена од редовно конституиран суд.

Марк Симоноф ја истакна важноста на „осудувањето на Ал Хасан за злосторства против човештвото и воени злосторства извршени во Тимбукту, Мали, кога беше под контрола на Ансар Един и Ал Каеда помеѓу април 2012 и јануари 2013 година“.

„Осудата на Ал Хасан е значаен чекор кон повикување на одговорност на најодговорните за злосторства извршени врз цивилното население во Тимбукту и во регионот. Тоа, исто така, означува пресвртница за меѓународното кривично право, како прво гонење и осуда за злосторството против човештвото за прогон на верска основа“.

Оваа година Судот издаде бројни потерници против поединци обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото. Ова ги вклучува налозите за апсење против четворица високи руски функционери под сомнение дека насочувале напади врз цивили и цивилни структури во Украина.

„Го поздравуваме напредокот на Судот во истрагата за злосторствата против човештвото и воените злосторства во Украина, вклучително и во врска со таргетирањето и уништувањето на електричната инфраструктура на Украина“, рече Симоноф.

Важно е Судот и неговите службеници да постапуваат неутрално и непристрасно, изјави Марк Симоноф. „САД стојат со меѓународната заедница во поддршката на овие принципи и унапредувањето на меѓународните напори да се повикаат на одговорност одговорните за злосторствата“.

XS
SM
MD
LG