Accessibility links

Breaking News

Американскиот Оддел за финансии е посветен на санкционирање на кршењето на човековите права


Во чест на Меѓународниот ден на човековите права, одбележан на 10 декември, Канцеларијата за контрола на странски средства на Одделот за финансии на Соединетите држави, објави нови дезигнации и санкции поврзани со човековите права што ги презеде во текот на 2024 година.

Новите санкции се наметнати на Националниот комитет на Хутите за прашања на затворениците, и неговиот лидер Абдулкадер Ал-Муртада. Комитетот управува со затворите на Хутите во Јемен. Според ОН, се вели во соопштението на Одделот за финансии, затворениците во Куќата за размена во Сана систематски се подложени на психолошка и физичка тортура, вклучувајќи лажни егзекуции, тепања и струен удар, меѓу другите злоставувања. Меѓу уапсените се и поранешни локалци, вработени во Американската амбасада.

и ОН, хуманитарни работници и новинари. Ал-Муртада беше назначен за лидер на владин ентитет кој се вклучил или чии членови се вклучиле во сериозна злоупотреба на човековите права за време на неговиот мандатот.

Вториот санкциониран поединец е Фаваз ал-Ахрас затоа што материјално му помагал на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад со финансиски прашања, затајување санкции и обиди да постигне меѓународен политички ангажман. Самиот Асад беше именуван во 2011 и 2020 година поради сериозните прекршувања на човековите права извршени од неговата влада во Сирија, вклучувајќи присилни исчезнувања, произволно апсење на политички неистомисленици, тортура и сексуално насилство во притворските установи.

Одделот за финансии забележува дека од јануари 2024 година, Канцеларијата за контрола на странски средства на Одделот за финансии назначила повеќе од 100 поединци и ентитети поврзани со злоупотреба на човековите права во повеќе од 20 јурисдикции. „Овие акции“, напиша Одделот за финансии, „се насочени кон низа активности, вклучувајќи национална и транснационална репресија, присилни исчезнувања и земање заложници, родово базирано насилство, трговија со луѓе, вклучително и принудна работа и злоупотреба на човековите права извршени од терористи и криминални организации“.

Секретарката за финансии Џенет Јелен во изјавата рече: „САД се силно посветени на промовирање на почитувањето на човековите права, а Министерството за финансии се гордее со долгогодишната употреба на нашите алатки за оваа намена“. Таа истакна дека „Канцеларијата за контрола на странските фондови беше основана за време на Втората светска војна за да го спречи нацистичкиот режим да ги искористи средствата на окупираните земји за да ја прошири војната и да ја продолжи својата систематска кампања на злосторства. Ние сме горди“, изјави секретарката Јелен, „да се надоврземе на ова важно наследство на расветлување на случаите на сериозно кршење на човековите права“.

XS
SM
MD
LG