Accessibility links

Breaking News

САД поддржуваат демократија за Венецуела


САД го поздравуваат постигнатиот договор од демократски избраното Национално собрание на Венецуела во 2015 година за продолжување на мандатот за уште една година, со Хуан Гуаидо како привремен претседател.

САД продолжуваат да го признаваат легитимитетот на Националното собрание од 2015 година како последна преостаната демократска институција во Венецуела.

Моделот на политичка репресија на режимот на Николас Мадуро, како и раширеното кршење на човековите права, строгите ограничувања на актерите во политичкиот живот и граѓанското општество и на слободата на изразување, му го одзедоа на венецуелскиот народ правото за демократско самоопределување. „Ги поддржуваме напорите да се воспостави демократски поредок и владеење на правото во Венецуела“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во соопштение.

„Го повикуваме Николас Мадуро повторно да се вклучи во преговорите во Мексико и тоа да го направи во духот на добра волја за доброто на венецуелскиот народ“, додаде Прајс. „Ние ќе продолжиме да работиме со широк спектар венецуелски и меѓународни партнери користејќи ги сите соодветни дипломатски и економски алатки за да извршиме притисок за ослободување на сите неправедно приведени од политички причини, независност на политичките партии, почитување на слободата на изразување и други универзални човековите права и ставање крај на кршењето на човековите права“. Дополнително, САД ќе продолжат да работат со членовите на меѓународната заедница за да извршат притисок за создавање услови погодни за слободни и фер избори во Венецуела.

САД, исто така, ги поддржуваат напорите за ублажување на страдањата на венецуелскиот народ и ставање крај на хуманитарните кризи во Венецуела.

Од 2017 година, САД обезбедија повеќе од 1,9 милијарди долари хуманитарна, економска, развојна и здравствена помош за да им помогнат на Венецуелците – на оние кои севнатре во Венецуела и на оние кои беа принудени да пребегнат низ целиот регион.

САД ќе останат силен поборник за венецуелскиот народ во време кога работат кон мирољубиво обновување на демократијата преку слободни и фер избори.

XS
SM
MD
LG