Accessibility links

Breaking News

Обединетост на самитот на Г7


G7 Foreign Ministers' meeting on the Italian island of Capri, Italy. April 18, 2024.
G7 Foreign Ministers' meeting on the Italian island of Capri, Italy. April 18, 2024.

Земјите од Г7, кои државниот секретар Ентони Блинкен ги нарече „управувачки комитет за најнапредните демократии во светот“, неодамна го завршија својот состанок во Капри.

Секретарот Блинкен рече дека министрите за надворешни работи биле „пообединети од кога било“ за критичните предизвици пред меѓународната заедница, вклучувајќи го конфликтот на Блискиот Исток, руската агресија против Украина и одржувањето на слободен и отворен Индопацифик:

„Прво Г7 го осуди невидениот ирански напад врз Израел, без преседан по обем и размери. Ние сме посветени на безбедноста на Израел. Ние, исто така, сме посветени на деескалација, на обидот да се стави крај на оваа тензија“.

За да го повикаат иранскиот режим да одговара за неговите дестабилизирачки дејства, САД најавија дополнителни санкции, таргетирајќи ги капацитетит на Иран за ракети и дронови, а земјите од Г7 ќе усвојат и дополнителни санкции.

Министрите за надворешни работи, исто така, беа „интензивно фокусирани“ на Газа, како поддршка за итен прекин на огнот со ослободување на заложниците.

Меѓутоа, Хамас ги отфрли „широкоградите предлози од Израел“, рече секретарот Блинкен, и „изгледа повеќе заинтересиран за регионален конфликт отколку за прекин на огнот што веднаш ќе го подобри животот на палестинскиот народ“.

„Продолжува да ги поместува целите, а светот треба да знае и треба повторно да разбере дека единственото нешто што стои помеѓу прекинот на огнот и народот во Газа е Хамас“.

Во однос на руската агресија во Украина, Г7 беше „многу јасна“ во својата непоколеблива поддршка за Украина, рече секретарот Блинкен.

„Путин мисли дека може да игра на трпението на Украина и на поддржувачите на Украина“.

„Пораката што доаѓа од Капри е: Тој не може. Секоја членка на Г7 дава извонреден придонес во одбраната на Украина“.

Друг клучен фокус на состанокот беше целта за слободен и отворен Индопацифик.

„Г7 е обединета за потребата од мир и стабилност преку Тајванскиот теснец, Јужното Кинеско Море, Корејскиот Полуостров а, исто така, (е) обединета во застанувањето против нефер и непазарните практики на Кина, особено кога станува збор за прекумерен капацитет кој ги преплавува пазарите на нашите земји со нови производи и технологии кои се многу субвенционирани и со пониски цени, бркајќи ги нашите сопствени бизниси од пазарот и барајќи да доминираат на овие пазари“.

Државниот секретар Блинкен нагласи дека највпечатливото нешто во врска со Г7 „е извонредната поврзаност на нашите пристапи кон овие предизвици, поврзаност меѓу САД, Европа и партнерите во Азија“.

XS
SM
MD
LG