Accessibility links

Breaking News

Меѓународна осуда за апсењето на Навални


САД, заедно со министрите за надворешни работи на Г-7, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и вишиот претставник на ЕУ „се обединети во осудата на политички мотивирано апсење и приведување“ на проминентниот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Шефовите на дипломатии на Г-7 повикаа на итно и безусловно ослободување на Навални, кој беше уапсен кусо време откако се врати во Русија од Германија.

Во писмено соопштение, земјите од Г-7 изразија длабока загриженост за „приведувањето на илјадници мирољубиви демонстранти и новинари и ја повикаа Русија да ги почитува националните и меѓународни обврски и да ги ослободи приведените кои го искористија своето право на мирољубиви протести на 23-ти јануари“.

„Насилното задушување од полициските сили на правото на поединците да го изразат своето мислење е неприфатливо. Овие настани изразуваат продолжување на стеснувањето на просторот за опозицијата, граѓанското општество, бранителите на човековите права и независните гласови во Русија“, се вели во соопштението од Г-7.

Навални беше речиси убиен во август 2020-та, при напад со нервен агенс Новичок, хемиско оружје од времето на Советскиот сојуз. Министрите на Г-7 повторија дека користењето на хемиско оружје е неприфатливо и ги крши меѓународните норми. „Ги повикуваме руските власти да спроведат истрага и дадат кредибилно објаснување за користењето на хемиско оружје на нивна територија, согласно преземените руски обврски при Конвенцијата за хемиско оружје“.

Користењето на хемиското оружје против опозиционен политичар, како и последното приведување на Навални, понатамошно ја поткопува демократијата, независните гласови и политичкиот плурализам во Русија. Г-7 ја повикува Русија да ги почитува преземени обврски од Меѓународната конвенција за граѓански и политички права, која гарантира почитување на слободата на изразување, за сите поединци на нивната територија и јурисдикција.

САД и партнерите во Г-7 остануваат „цврсто обврзани кон Конвенцијата за хемиски оружја и нашата поддршка кон демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Русија, како и јакнење на нашата поддршка кон руското граѓанско општество.“

Ова е коментар што го одразува ставот на американската влада.

XS
SM
MD
LG