Како дел од договорот, претставниците на Обединетите нации се согласија да ѝ помогнат на Русија со сопствен извоз на храна и ѓубрива. Оправдувајќи ја својата одлука, Путин тврдеше дека Западот се откажал од ова ветување.
Но, има проблем со аргументот на Русија, рече Џејмс О'Брајан, шеф на Канцеларијата за санкции на Стејт департментот.
„Русија извезува рекордни количини жито. Минатата година, руската асоцијација за жито соопшти дека извозот достигнал 61,8 милиони тони жито, што верувам дека е за 10 до 15 проценти поголем од која било година претходно. Значи, ако мерката е храна за светот, тогаш процесот што го преземаме со ОН и со Турција за да ѝ помогнеме на Русија да извезе, функционира, а поплаките на Русија се незначителни за систем кој работи многу добро“.
Дополнително, „Русија дава коментари за санкциите“, рече амбасадорот О’Брајан. „Морам да нагласам дека САД немаат санкции за руската храна и ѓубриво“.
Значи, што навистина се случува? Амбасадорот О'Брајан предлага дека „целта е да се намали количината на храна и ѓубриво на располагање, така што цените ќе се зголемат и Русија ќе привлече внимание кон некои од нејзините барања“.
Околу 10 отсто од одредени видови житарки на светскиот пазар влегле од Украина. Исто така, испорача дури половина од храната што Светската програма за храна ја обезбеди за најсиромашните земји во светот. Откако Русија ја нападна Украина, тој извоз престана, а цените се зголемија. Но, со потпишувањето на Црноморската иницијатива за жито, цените повторно паднаа. „Така беше ситуацијата кога Русија реши да направи две работи“, рече амбасадорот О’Брајан.
„Ја прекина иницијативата за жито во Црното Море, најави блокада на транспортот надвор од украинските пристаништа, рече дека ќе го смета секој брод што влегува и излегува од Украина за предмет на воена акција, и почна да ги бомбардира и капацитетите за складирање храна“.
„Значи, тоа е она што го прави Русија, а последица не е само намалувањето на количината на храна, туку и цените значително скокнаа“, рече амбасадорот О’Брајан. Сепак, тој рече: „Јас сум оптимист дека украинското жито ќе стигне до глобалните пазари. Ќе ни треба малку време. Тоа ќе повлече одредени трошоци, но не можеме да дозволиме Русија да го контролира Црното Море“.
На17 јули, рускиот претседател Владимир Путин се повлече од иницијативата за жито во Црното Море, која ѝ овозможи на Украина да ги испорачува своите земјоделски производи непречено преку нејзините пристаништа на Црното Море.