Accessibility links

Breaking News

Демократијата е најдобар начин за напредок во западната хемисфера


Антони Блинкен
Антони Блинкен

Огромното мнозинство луѓе во западната хемисфера веруваат дека демократијата останува најдобрата форма на владеење, забележа државниот секретар Антони Блинкен во говорот на Конференцијата за Јужна и Северна Америка.

„Сепак, не можеме да го земеме здраво за готово демократскиот карактер на овој регион“, предупреди секретарот Блинкен. „Тоа не е дадено само по себе. Во основа зависи од луѓето да продолжат да веруваат дека можат да го подобрат системот од внатре“.

Клучот за градење на верба на луѓето во демократијата е да се избегне запаѓање во политички блокови на левица и десница, либерали и конзервативци, и наместо тоа да се фокусираме на она што нè зближува како демократии, рече секретарот Блинкен.

„Тоа значи да се препознае нашиот заеднички интерес за зајакнување на столбовите на слободни и отворени општества како владеењето на правото, почитувањето на човековите права, слободни и фер избори, независни медиуми“.

На економски план, отворените пазари и слободната трговија мора да создадат можности за поширока основа и да ги подобрат условите на работниците низ хемисферата. Начините да се направи ова вклучуваат елиминирање на бариерите што го спречуваат малиот бизнис да се приклучи на формалната економија; борба против корупцијата што ги ограбува ресурсите и енергијата на иноваторите и заедниците; и проширување на пристапот до новите технологии.

Нациите од западната хемисфера, исто така, треба да изградат поголема регионална отпорност за да ја направат хемисферата помалку ранлива на прекини во синџирот на снабдување - една од најтешко заработените лекции од пандемијата.

Конечно, „иако остануваме фокусирани на зајакнување на демократијата одвнатре“, предупреди секретарот Блинкен, „ни треба заеднички пристап кон автократиите во регионот:“

„И ова вклучува продолжување со поддршката на поединците и групите во затворените земји кои толку храбро се борат за унапредување на човековите права и демократијата, како што тоа го правевме со децении. Имаме одговорност, исто така, и да зборуваме колективно кога гледаме како владите ја слабеат демократијата дома, го згаснуваат слободниот печат, им се закануваат на политичките противници, ја поткопуваат независноста на судовите“.

„Уверен сум дека ако го прифатиме она што нè обединува како демократии наместо она што не разделува, не само што ќе ги зајакнеме нашите индивидуални демократии; ќе направиме подобро во она што е наша одговорност број еден, а тоа е исполнување на основните потреби и основните надежи на сите народи на оваа хемисфера“.

XS
SM
MD
LG