Резолуцијата јасно ја покажа потребата да се усвои родова перспектива во однос на несразмерните ефекти од конфликтот и неговите последици врз жените и девојчињата, вклучувајќи превенција и одговор на сексуалното насилство поврзано со конфликти и родово засновано насилство, репатријација и преселување, како и постконфликтна реконструкција и потребата за значајно вклучување на жените во креирањето и предлагањето на родово чувствителни решенија.
Денес, 22 години по усвојувањето на Резолуцијата 1325, жените продолжуваат да бидат исклучени од процесите на донесување одлуки за мир и безбедност, што пак ги остава поранливи во непропорционалните стапки на насилство, насочена репресија и исклучување од реконструкција, реинтеграција и обнова на одлуките по конфликтот. „Ги гледаме истите модели низ светот, а особено во областите погодени од конфликти“, рече американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд на годишната отворена дебата на Советот за безбедност на ОН за жените, мирот и безбедноста.
„Сега се соочуваме со клучен момент за агендата за жените, мирот и безбедноста. Низ светот, жените и девојките се под закана од конфликти и репресивни режими. Под закана од климата и под закана од сиромаштија. Ризиците се зголемени, вклучително и заканата од киднапирање, тортура, убивање и родово засновано насилство. Жените лидери, бранителите на човековите права и активистките се особено мета на закани и малтретирања. Тие често се предмет на кампањи за дезинформација, дизајнирани да ги заплашат, дискредитираат и замолчат нивните повици за мир“.
„Агендата за жени, мир и безбедност, како што е наведено во Резолуцијата 1325, нуди трансформациска визија: Свет каде што жените и девојките се заштитени, вклучени и играат суштинска улога за создавање мир“, рече амбасадорката Томас Гринфилд. „Нашата задача е да ја направиме оваа визија реалност. Не само со зборови, туку и со дела“.
„Мораме да го промовираме женското лидерство, без разлика дали тоа е во нивните села, во нивните градови или на меѓународната сцена, како што промовираме ние петте жени членки на овој Совет за безбедност овде, и многу други жени кои ги гледаме во оваа просторија денес“.
„Треба да го направиме овој критичен момент за да се здружиме како глобална заедница за да не носиме само розево денес како знак на нашата поддршка, туку и да го кренеме гласот и да побараме промена за која знаеме дека им е потребна на жените од овој свет“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.
„Мораме да го направиме тоа за девојчињата и за жените и за мирот и безбедноста што тие ќе ги донесат во светот, но и за мирот и безбедноста што треба да ги имаат од светот“.
На 31-ви октомври 2000-та година, Обединетите нации ја усвоија Резолуцијата 1325, која ги повика земјите-членки да го признаат и да се справат со несразмерното и единствено влијание на вооружените конфликти врз жените и девојчињата.