„Ние испишавме историја со првиот самостоен самит меѓу лидерите на нашите три земји, како и нашата посветеност да се среќаваме заедно на лидерско ниво годишно“, забележа претседателот Бајден.
„Нашиот свет стои на точка на пресврт - точка каде што сме повикани да владееме на нови начини“, рече претседателот Бајден.
„Прво, ја подигнуваме нашата трилатерална одбранбена соработка за да ја испорачаме во индо-пацифичкиот регион. Тоа вклучува започнување годишни воени вежби во повеќе домени, доведувајќи ја нашата трилатерална одбранбена соработка на невидено ниво. Го удвојуваме споделувањето информации, вклучително и за лансирањето на ракети и сајберактивностите на Северна Кореја, зајакнување на нашата соработка за одбрана од балистички проектили“.
Сите три нации ја потврдија својата заедничка посветеност за одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и справувањето со економската принуда.
„Ќе продолжиме да се спротивставуваме на заканите од [Северна Кореја]“, рече претседателот Бајден, вклучително и перење пари од криптовалути во износ од милијарди долари и потенцијални трансфери на оружје за поддршка на бруталната војна на Русија против Украина.
И заедно, истакна претседателот Бајден, „ќе се залагаме за меѓународното право, слободата на пловидба и мирното решавање на споровите во Јужното Кинеско Море“.
САД, Јапонија и Јужна Кореја, исто така, се согласија да ја прошират својата економска соработка, рече претседателот Бајден:
„Се обврзавме да го лансираме она што го нарекуваме пилот на системот за рано предупредување на синџирот на снабдување, кој ќе ги предупреди нашите нации за нарушувања на одредени производи и материјали, како што се критичните минерали или батериите, така што можеме да ги надминеме проблемите ... што ги доживеавме за време на пандемијата“.
„И конечно, нашето партнерство е за градење подобра иднина за нашиот народ“, рече претседателот Бајден.
„Затоа ја продлабочуваме нашата соработка за глобалното здравје и започнуваме трилатерална експертска размена за поддршка на иницијативата на САД за рак... Во САД го револуционизираме начинот на кој го истражуваме ракот. И заедно, ние тројцата, уверен сум дека можеме да го искористиме нашиот заеднички дух на иновативност и да ставиме крај на ракот каков што го знаеме“.
„Во месеците и годините што следат“, рече претседателот Бајден, „ќе продолжиме да ги искористуваме тие можности заедно - непоколебливи во нашето единство и неспоредливи во нашата решителност“.
Ова беше став што ги одразува погледите на владата на САД
Јужна Кореја и Јапонија се способни и незаменливи сојузници, а посветеноста на Америка кон двете земји е цврста, изјави претседателот Џо Бајден на неодамнешниот трилатерален самит во Кемп Дејвид.