Први октомври, годишнина од основањето на Народна Република Кина, стана датум за протести во Хонгконг против напорите на Кина да ги укине автономниот статус на градот и фундаменталните слободи. Оваа година, Владата на Хонгконг го забрани предложениот марш на продемократската организација Фронт за граѓански човекови права, и распореди околу 6.000 полициски патроли на улиците.
Неколку стотици луѓе сепак излегоа на протестите, и полицијата упаси најмалку 86. Портпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус изрази „гнев..за неоснованото апсење на Владата на Хонгконг“ на мирни демонстранти.
Други жители на Хонгконг го изразија нивниот отпор преку јавно читање на продемократскиот весник „Епл дејли“, некогаш пред полицијата, според медиумските извештаи. Основачот на весникот Џими Лај беше уапсен во август, согласно драконскиот Закон за национална безбедност.
Законот за национална безбедност беше донесен во јуни и казнува се` што Кина верува дека е субверзија, сепаратизам, тероризам или соработка со странски сили, со предвидени доживотни затворски казни.
Демонстрантите, исто така, побараа да се вратат 12 жители на Хонгконг, кои беа уапсени на море од страна на кинеските власти во август, додека се обидуваа да избегаат во демократски Тајван. Некои од нив се соочија со сериозни обвиненија за нивните продемократски активности. Кинеските власти одбија да ги вратат 12-те жители во Хонгконг и чекаа повеќе од еден месец пред да ги обвинат. На нив не им е дозволено да зборуваат јавно или да се сретант со адвокати по нивен избор, според медиумските извештаи.
„Ја осудуваме продолжената употреба на полицијата од страна на локалните власти за политички цели“, изјави Ортагус, „што е во спротивност со заштитата на владеењето на правото и почитување на човековите права, вклучувајќи ги правата на собир и слободно изразување. Овие апсења повторно го истакнуваат комплетното отстапување на Пекинг од принципот `Една држава два система`, што Народна Република Кина вети дека ќе го почитува“.
Стабилен и просперитетен Хонгконг зависи од почитување на правата на собир, слободата на говор, и другите фундаментални слободи. Преку задушување на мирното јавно мислење, Владата на Хонгконг уште еднаш ја покажува нејзината соработка со Кинеската комунистичка партија во укинување на автономијата на Хонгконг и слободите на неговите жители.
Владата на Хонгконг го забрани предложениот марш на продемократската организација Фронт за граѓански човекови права, и распореди околу 6.000 полициски патроли на улиците