Accessibility links

Breaking News

Венецуела држи нерегуларни претседателски избори


Venezuela Election
Venezuela Election

„Го поздравивме венецуелскиот народ за неговото учество на претседателските избори на 28 јули, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

„Ја пофаливме нивната храброст и посветеност на демократијата соочени со репресија и неволји“.

Тврдењата за изборни нерегуларности почнаа да се појавуваат додека се пребројуваа гласовите. На сведоците на опозицијата им беше забранет пристап до седиштето на Националниот изборен совет додека ги пресметуваа гласовите.

Избирачкиот совет беше критикуван поради недостатокот на непристрасност.

Владата на Мадуро им постави пречки на милионите Венецуелци во странство да гласаат. Покрај тоа, само на многу ограничен број набљудувачи на изборите им беше дозволено да го следат гласањето.

„Имаме сериозна загриженост дека објавениот резултат не ја одразува волјата или гласовите на венецуелскиот народ“, вели Блинкен.

„Критично е секој глас да се брои фер и транспарентно, изборните функционери веднаш да споделуваат информации со опозицијата и независните набљудувачи без одлагање, а изборните власти да ја објават деталната обработка на гласовите“.

„Меѓународната заедница внимателно го следи ова и ќе одговори соодветно“.

„Ова е избор што треба да го направат Венецуелците, но венецуелскиот народ заслужува избори што искрено ја одразуваат нивната волја, ослободени од каква било манипулација“, рече Блинкен.

XS
SM
MD
LG