Членови на политичката опозиција во Белорусија востановија Национален совет за координација, да преговара со белоруските власти за одржување на слободни и фер избори и транзиција на власта.Наместо да се ангажира со добра волја, режимот на Лукашенко лансираше политички мотивирана истрага против Националниот координативен совет, приведе и присили на егзил, и киднапираше членови на Советот.
Секако, САД се длабоко загрижени заради киднапирањето од 7-ми септември на членката на советот, Марија Калешникава во Минск, и протерувањето со сила на портпаролот Антон Крауцоу на 8-ми септември. Максим Знак, исто така член на Националниот координативен совет, бил приведен следниот ден.
САД оддаваат почит за храброста на Калешникава и на белорускиот народ за мирољубиво инсистирање на нивното право да ги избираат своите лидери во слободни и фер избори. Протестантите се соочуваат со сурово насилство и репресија од владините авторитети, кои вклучија тепање среде бел ден и илјадници приведувања, како и се поголем број на извештаи за киднапирања.
Од 1-ви септември, универзитетските студенти се жртви на насилно задушување предводено од безбедносните сили облечени во црно со скијачки маски на лицата. Неколкумина биле собрани од улица и фрлени во необележени возила.
САД во координација со нивните партнери и сојузници, разгледуваат дополнителни, таргетирани, санкции за промоција на повикување на одговорност на инволвираните во непочитувањето на човековите права и репресијата во Белорусија. „Ние ги потсетуваме белоруските власти за нивната одговорност да осигураат безбедност на Калешникава и на сите неправедно приведени“, кажа државниот секретар Мајк Помпео во соопштение.
„Ги повикуваме белоруските власти да запрат со насилството против нивниот сопствен народ, да ги ослободат неправедно приведените, вклучувајќи го и американскиот државјанин Витали Шклиаров, и да се ангажираат во конструктивен дијалог со вистински претставници на белоруското општество.“