Accessibility links

Breaking News

Историски договор меѓу Србија и Косово


Predsednik Aleksandar Vučić (levo) i premijer Avdulah Hoti (desno) sa predsednikom Trampom u Ovalnoj kancelariji
Predsednik Aleksandar Vučić (levo) i premijer Avdulah Hoti (desno) sa predsednikom Trampom u Ovalnoj kancelariji

Историскиот договор исто така отвора гранични премини и ги охрабрува Србија и Косово меѓусебно да ги признаат дипломите и лиценците што ги издаваат. 

И покрај историските тензии, Србија и Косово преземаа храбри чекори за нормализација на економските односи. На 4-ти септември двете држави потпишаа договори, со посредство на Соединетите Држави, со кои се финализираше посветеноста за соработка во широк спектар на економски прашања.

За време на церемонијата на потпишување во Белата Куќа, претседателот Доналд Трамп рече дека одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Авдулах Хоти да работат заедно го направи регионот и светот побезбедно место.

„По насилната и трагична историја и години на пропаднати преговори, мојата администрација предложи нов начин на премостување на поделбите. Со фокусирањето на креирањето на работни места и на економскиот раст двете земји успеаја да постигнат големо придвижување. Ние сме многу горди на овие двајца големи лидери за она што го направија. И нивните народи се многу горди што можеби е уште поважно. Ова е историско.“

По распаѓањето на Југославија во раните 90-ти и војните на Балканот кои следеа, Косово се одвои од Србија и прогласи независност во 2008-та, статус кој Србија одбива да го признае. Во изминативе 20 години не беа успешни напорите на Западот да посредува во договор за политичка нормализација меѓу двете држави. Специјалниот претставник за Србија и Косово на претседателот Доналд Трамп, Ричард Гренел, вели дека претседателот бил одличен да издејствува придвижување.

„Она што претседателот Доналд Трамп го направи од самиот почеток е што рече – ајде да им покажеме како да се развијат (економски), како да ја ги развиеме индустриите. Ајде да одиме обратно, да смислиме како да одиме првин со економијата. И ајде да видиме дали концентрирањето на економијата и на создавањето на работни места може да ги одглави и политичките работи. Останува да видиме.“

Договорот за нормализација на економските односи меѓу Белград и Приштина кој беше посредуван од САД има за цел да го зголеми економскиот раст и да креира работни места, да покаже дека има опиплива корист од соработката. Историскиот договор исто така отвора гранични премини и ги охрабрува Србија и Косово меѓусебно да ги признаат дипломите и лиценците што ги издаваат.

Дополнително, Србија и Косово учествуваат во движењето за мир на Блискиот Исток кое се повеќе расте. Косово и Израел се согласија да ги нормализираат врските и да воспостават дипломатски односи, Србија се обврза да ја префрли својата амбасада во Ерусалим – клучни чекори за зајакнување на врските меѓу земјите од Европа и од Блискиот Исток.

Во Белата Куќа претседателот Трамп рече дека знае оти Србија и Косово имаат длабоки чувства поради минатото но и дека предвидува посветла иднина.

„Мислам дека ќе имаат одлична соработка. И економијата ќе ги приближи.“

XS
SM
MD
LG