Долгогодишниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко, кој е функцијата од 1994-та, тврди дека освои уште една убедлива победа на изборите на 9-ти август. Неговото тврдење дека обезбедил победа со повеќе од 80% од гласачите е оспорено од стотици илјади Белоруски граѓани, многумина од нив излегоа по улиците да протестираат изјавувајќи дека резултатот е фалсификуван.
Владините сили веднаш одговорија со прекумерна сила и бруталност со тепање, апсење и приведување демонстрантите, новинари, и членови на опозицијата со илјадници. Најмалку четворица демонстранти беа убиени.
По изборите, двајца од белоруските опозициони лидери ја напуштија земјата, вклучувајќи ја водечката опозициона кандидатка Светлана Тихановскаја, која се вклучи во трката за претседател откако нејзиниот сопруг Сергеј, политички блогер, беше притворен и спречен да учества во претседателската трка.
Протестите продолжија во многу белоруски градови. Над 100.000 демонстранти излегоа по улиците на Минск на 16-ти август, што е досега неводена бројка демонстранти во Белорусија. Бројката на демонстранти е дел од кампањата „Жени во бело“, коишто излегоа по улиците во знак на протести против насилното згаснување на демонстрациите и упатија повик за ослободување на најблиските приведени од полицијата.
Жените, облечени во бело, честопати носат цвеќе, и почнаа да се излегуваат по улиците во Минск, но слични протести исто така почнаа во Германија, Полска, Белгија, Украина и Русија.
Јасно е од одговорот на белорускиот народ за оспорените избори дека тие упатуваат порака на незадоволство кон Александар Лукашенко, како што не видел за време на две и пол децениската власт и на чело со земјата. Меѓународната заедница ја слушна пораката од белорускиот народ и застана зад нив во нивните барања за демократски аспирации.
САД, како и лидерите од ЕУ, изразија длабока загриженост за начинот на кои беа спроведени изборите во Белорусија, истакнувајќи дека не беа ниту слободни, ниту фер, како и владиниот насилен одговор за згаснување на протестите, со намерно целење на новинари, тешки злосторства врз приведените и блокирање на интернет – врската.
За време на неодамнешната посета на Полска, државниот секретар Мајк Помпео изјави дека „заедничка цел е да се поддржи белорускиот народ во остварување на нивниот суверенитет, нивната слобода, да се поентира на случувањата од протестите. Овие луѓе бараат основни работи кои ги сака секој нормален човек: правото за определба за личен избор на за нивната влада. Затоа, го повикуваме белоруското лидерство да го продлабочи кругот, да го вклучи граѓанското општество во начин што одразува јасно разбирање за барањата на белорускиот народ“.