Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Бајден ги повика сите Американци да се обединат за да ги надминат предизвиците на нацијата и да ја обезбедат нејзината иднина.
„Историјата, верата и разумот го покажуваат патот, патот на единството. Можеме да се однесуваме едни кон други со достоинство и почит. Можеме да ги здружиме силите, да престанеме со викањето и да ја намалиме температурата ... Ова е нашиот историски момент на криза и предизвик, а единството е патот напред“.
За оние надвор од границите на Соединетите американски држави, претседателот Бајден порача:
„Ние ќе ги поправиме нашите сојузи и повторно ќе се ангажираме со светот. Не да одговориме на вчерашните предизвици, туку на денешните и утрешните. Ние ќе водиме не само со примерот на нашата сила, туку и со силата на нашиот пример. Ние ќе бидеме силен и доверлив партнер за мир, напредок и безбедност“.
Подоцна истиот ден, претседателот Бајден презеде неколку извршни потези имајќи ги предвид тие цели. Со една акција започна процесот за повторно приклучување на САД во Парискиот климатски договор. Друга го запре повлекувањето на државата од Светската здравствена организација. Со друга ја укина забраната за патници од некои земји со мнозинство муслиманско население и други од Африка и од други места. Со друга извршна наредба ја запре изградбата на граничниот ѕид меѓу САД и Мексико и ја заврши декларацијата за вонредна состојба која помогна да се одобри финансирањето на ѕидот.
Во своето обраќање на инаугурацијата, претседателот Бајден го повика народот на Соединетите американски држави „да започнат одново“. Тој ги предизвика заедно „да напишат американска приказна за надеж, а не за страв; на единство,а не на поделба ... Приказна што ќе се раскажува со векови во иднина дека сме одговориле на повикот на историјата ... Дека нашата Америка ја обезбеди слободата дома и застана уште еднаш како светилник на светот“.