Accessibility links

Breaking News

Агендата на НАТО е да се соочи со предизвиците на денешницата


Северноатлантската Алијанса, НАТО, е одбранбена организација составена од 30 земји, што опфаќа речиси милијарда луѓе, кои се дел од алијансата на доброволна основа.

Земјите членки „заеднички се посветени на демократијата, слободата, а во насока на градење меѓународен правен поредок кој ќе им гарантира на земјите заеднички мирен напредок“, рече државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во седиштето на НАТО во Брисел. „Имаме широка агенда со која ќе бидеме сигурни дека оваа Алијанса ќе остане исто толку ефикасна и во следните 75 години.. како што и беше во првите 75 години“, нагласи секретарот Блинкен.

„Одлучни сме да ги обновиме нашите сојузништва, да ги обновиме партнерствата, почнувајќи со НАТО... Кога ќе се погледне кон сите предизвици со кои се соочуваме како земја и кои би можеле да влијаат врз животите на граѓаните, ниту една земја не може целосно сама да се справи, па дури ниту САД со сите ресурси што ги имаат. Имаме заеднички интерес, без оглед дали се работи за новите предизвици како климата, кибер-сферата, подемот на автократските држави и предизвиците што тие ги наметнуваат – имаме заеднички интерес тоа да го правиме заедно, колективно, потпирајќи се на заедничката безбедност. Тоа во основа е суштината на НАТО“.

Мисијата сега е да осигуриме дека „го водиме НАТО во насока на соочување со предизвиците на денешницата. Тоа е агендата за 2030 година“, рече секретарот Блинкен. „Со нетрпение очекуваме да работиме со Генералниот секретар (Јенс) Столтенберг и со сите наши партнери тука“.

XS
SM
MD
LG