Ден на ветерани 2021

На овој ден Американците, заедно со многу луѓе од цел свет, им оддаваат почит на војниците што ѝслужеле на државата, во времиња на војна и мир

11-ти ноември е Ден на ветераните воСАД. На овој ден Американците, заедно со многу луѓе од цел свет, им оддаваат почит на војниците што ѝслужеле на државата, во времиња на војна и мир.Одбележувањето потекнува од Првата светска војна. Конфликтот од речиси четири и половина година навистина гозафати цел свет. Имаше борби во Азија и во Африка,на одвоените острови на Пацификот, под и над водите во Европа и Јужна Америка, како и на борбените полиња во Европа.

Во тие времиња, често се нарекуваше „Големата војна“ или „Војната која ќе стави крај на сите војни“.По четири години борби, договорот за прекин на огнот стапи во сила еден час пред пладне на 11-ти ноември, 1918; тоа значи дека борбите запреа на 11-от час од 11-от ден и во11. месец во 1918 година. Иако Првата светска војна официјално заврши со потпишување на Версајскиот договор на 28. јуни, 1919 година, за јавноста конфликтот заврши на 11. ноември 1918 година.

2Една година подоцна, американскиот претседател Вудро Вилсон го прогласи 11. ноември за Ден на примирјето. Тоа беше ден на паради и јавни собири, и во 11 часот наутро сите ја запреа прославата во знак на почит на оние што се бореле. Денес, повеќето од државите што беа инволвирани во Првата светска војна се`уште го прославуваат овој ден.Но, со време следеа други војни, и во 1954 година претседателот Двајт Ајзенхауер го прошири празникот со цел да им се оддаде почит на сите што служеле во униформа, во војна и во мир.Во суштина, Денот на ветераните не е за војна. Не одбележува ниту една победа или пораз;не слави ниту една политичка или територијална амбиција. Напротив, ова е ден за сеќавање, и како слични празници во Велика Британија, Канада, Јужна Африка и други нации, овој ден ги слави воените ветерани за нивната служба и пожртвуваност. Ставштогиодразува американските идеали и институциим.